изолира
изолираат; изолирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 14911
1.
Оддели, одделува некого од дадена средина, спречувајќи ги неговите контакти, врски, односи со неа.
Примери:
Новодојдените ги изолираа од другото население.
Слично со:
оддели (св.)
2.
За луѓе и животни (најчесто во врска со некоја болест).
Примери:
Сите заразени од жолтица, лекарите ги изолираа од другите болни во една посебна барака.
Слично со:
сепарира (св. и несв.)
3.
Обложи, обложува со изолациски материјал.
Примери:
Електричарот не ги изолирал добро жиците во лустерот и затоа дојде до краток спој.
4.
Врши функција на изолирање.
Примери:
Пластиката многу добро изолира.
5.
(се изолира) Се оддели од општествена средина, влијание.
Примери:
Тој се изолира од своето друштво и од луѓето воопшто.
Изведенки
изолирање ср.
глаг. им.
глаг. им.